Шилегов со мерки против загадувањето: Ако имате постар автомобил нема да смеете да го возите

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска по средбата со скопските градоначалници најави дека ќе се мапираат возилата и оние кои повеќе загадуваат нема да смета да се вклучуваат во сообраќајот во деловите од зимата кога Скопје ќе биде најзагадено.


Тоа значи дека ако имате постар автомобил кој повеќе загадува нема да смеете да го управувате во деновите кога е најзагадено.
Градот планира да направи база и да ги рангира сите автомобили и да ги подели во групи, па во зависност од нивото на загадување да се дозволува или забрани нивно учество во сообраќајот.
Тоа значи дека во периодите кога е многу загадено автомобили ќе можат да управуваат само побогатите граѓани кои имаат пари да купат автомобили со пониска емисија на загадување. Според Шилегов ова е подобро решение од пар-непар.

 

 

 

08.11.2017 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега