Четири лица синоќа повредени во Скопје

Четири лица се полесно повредени во една од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во седум била причинета материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, едно лица било исклучено од сообраќај поради управување на возило под дејство на алкохол и девет лица пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Санкционирани се и 13 лица кои го управувале возилото со истечена важност на сообраќајната дозвола, едно лице управувало техничко неисправно возило, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло и по еден возач за неправилно престројување и неправилно престигнување. Затекнати биле 78 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 58 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ПОУ „Братство и единство“ во с. Средно Кољари. 

 

 

 

10.11.2017 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега