За една недела 80 сообраќајки во Скопје - загина едно лице

Во текот на изминатата недела во Скопје се случила 81 сообраќајна несреќа. Од нив во шест имало потешко повредени лица, а во една едно лице го загубило животот.

Од вкупниот број сообраќајки во 27 полесно биле повредени 44 лица, а во 47 била причинета само материјална штета.

 

Од СВР Скопје информираат дека во текот на изминатите седум дена по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот, откриени биле голем број на прекршоци при што биле санкционирани 304 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 24 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 83 лица управувале моторни возила пред да се стекнат со право на управување, девет возачи поминале на црвено светло, како и 353 возачи поради непрописно паркирање.

 

 

 

10.11.2017 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа