Рехабилитација на локалниот пат Кадино-Автопат А4

 

Општина Илинден почна со рехабилитација на дел од локалниот пат од населеното место Кадино до клучката со автопатот А-4, како дел од Проектот за подобрување на патната инфраструктура преку изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта.

Според информациите од општината, во тек се подготвителни работи во рамките на кои се врши расчистување на теренот и формирање на нови канали за одведување на атмосферските води, како и изградба на цевкасти бетонски пропусти.

- Со рехабилитацијата на овој фреквентен патен правец значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината, и ќе се овозможи побрза и побезбедна комуникација. Зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на општина Илинден, велат од Општината, нагласувајќи дека континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, како и во изградба и реконструкција на пешачки и велосипедски патеки. 

 

 

 

11.11.2017 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега