Скопјани дишат загаден воздух - во Лисиче алармантно, 10 пати над дозволеното

Нивото на загадување во сите скопски општини во изминатите 24 часа било многу над дозволеното.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажале најголема загаденост во Лисиче каде во 18 часот биле измерени 486 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Во центар биле измерени 112,6 микгрограми на метар кубен ПМ10 честички, додека во Карпош се движеле од 70 до 168 микрограми.

Утрово најзагадено било во карпош каде се измерени 168 микрограми.

Во Гази Баба мерната станица ја регистрирала највисоката вредност од 140 микрограми.

Битола, Велес, Кичево, Кочани се само дел од останатите градови низ Македонија каде водухот бил загаден многу над дозволеното.

 

 

 

12.11.2017 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега