Димковиќ: Поддршката за земјоделците зголемена, субвенциите исплатени

Субвенциите се исплатени за краток период, а сите поинакви информации во јавноста се субјективни видувања, изјави денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Власте Димковиќ.

Одговорајќи на новинарско прашање по работилницата за климатските промени што ја организира Мрежата за рурален развој, Димковиќ нагласи дека според резултатите од терен, Програмата за директна поддршка е веќе реализирана, со исклучок на мал дел каде имало проблем со постапките.

- Не е точно и тоа дека земјоделците оваа година добија помалку пари, парите се зголемени, напомена Димковиќ. 

 

 

 

15.11.2017 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа