Поплавен дел од „Јужен Булевар" во Скопје - возилата се пренасочуваат

Соообраќајот на „Јужен булевар“ во Скопје од изутринава се пренасочува по улицата „Јордан Мијалков“. 

Како што потврдија за МИА од МВР, пренасочувањето е поради насобрана поголема количина на вода зад Трговскиот центар „Рамстор“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека се работи за дефект со канализацијата, кој утрово бил пријавен. На терен се две цистерни. 

 

 

 

16.11.2017 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега