Некогаш имала 100 килограми, а сега се преполовила - од исхраната исфрлила една намирница

Дона Дочерти имала 100 килограми кога барала венчаница за себе. Јадела само готова храна, а дневно пиела и по 6 лименки кока кола. Меѓутоа успеала да ја преполови својата тежина само поради тоа што исфрлила една работа од својата исхрана.

Наоѓањето на вистинскиот невестински фустан за неа била ноќна мора. Проблеми со тежината таа имала уште кога била тинејџерка.

“Кога одевме во ресторан за брза храна со моите пријатели, јас можев да изедам се. Во моите 20ти години живеев од благи работи. Не водев сметка за моето здравје”- признава Дона.

Дури кога дошол моментот таа да се омажи, решила да им стави крај на своите килограми. Успеала да ослабне доволно, да влезе во венчаницата, но не застанала со намерата да продолжи да слабее.

Драстично почнала да слабее 18 месеци подоцна кога требала да биде деверица на свадбата на нејзината сестра. Клучна работа што и помогнала во слабеењето била исфрлувањето на шеќерот од исхраната. Тоа го направила откако татко и заболел од дијабетис.

Почнала да се храни здраво, да готви и да вежба. Денес изгледа прекрасно и има 45 килограми.

 

 

 

16.11.2017 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега