Почна исплатата на тутунот

Почна исплатата на тутунот од годинашната реколта. Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб“ од Битола и фирмата „Пашоски“ веќе ги префрлија парите на сметките на тутунарите, потврдуваат од филијалата на Тутунска банка во Прилеп.

Прилепскиот комбинат исплаќа од првиот ден на откупот, 16 ноември, и ќе продолжи континуирано. Производителот Рамадан Арсланоски од Прилеп е задоволен од процената на тутунот.

- Однесов 340 килограми и ми помина по 240 денари за килограм претежно прва и втора класа зашто родот ми беше квалитетен. Цел живот садам тутун, изјави Арсланоски кој пред филијалата на Тутунска банка чекаше за исплата. 

Засега откупот се одвива непречено.

 

 

 

21.11.2017 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега