Од четврток голема акција за чистење на Скопје

 Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска најави дека од четврток почнува голема акција за чистење на главниот град.

- Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ангажира стотици невработени лица кои заедно со надлежните јавни претпријатија ќе ја спроведат оваа акција. Ова е една од краткорочните мерки против загадувањето на Скопје оваа зима, рече на прес-конференцијата Шилегов.

Евидентно е, како што рече, дека загадувањето се должи и на наталожената прашина на нашите улици, која со години стои неисчистена. Планираме таа прашина да ја тргнеме од улиците.

- Секоја општина со целата своја механизација заедно со градските јавни претпријатија и ангажираните лица ќе чисти во точно определени денови. Почнуваме од Бутел, а потоа ќе продолжиме во другите општини. Предвидени се по ден-два за секоја општина во зависност од нејзината големина. Откако ќе завршиме со чистењето на општините, ќе се чисти кејот на реката Вардар, истакна Шилегов.

Акцијата за чистење на Скопје ќе се реализира секоја есен и пролет и предвидено е да стане традиционална.

 

 

 

21.11.2017 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега