Ќе се укине роамингот меѓу Бугарија и Македонија

Република Македонија и Република Бугарија утре во Домот на АРМ во Струмица ќе ја одржат првата меѓу-владината седница.

Како што соопшти владината прес-служба, се очекува на седницата со која треба да заседаваат двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов да бидат потпишани договори и меморандуми и да одржат заедничка прес-конференција.

Според агендата, предвидено е положување цвеќе на споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски, а ќе биде предадена и донација на општина Струмица од страна на бугарската Влада.

Се очекува на седницата утре да биде одобрен и предлог-меморандумот за за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги помеѓу министерството за транспорт, информатичка техонолија и комуникации на Бугарија и министерството за информатичко општество и администрација на Македонија.

Роамингот треба да биде укинат за неколку месеци.

 

 

 

22.11.2017 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега