Полицијата демне на секој чекор - едно лице тешко повредено во Скопје

 

Едно лице било потешко повредено во една од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Во пет незгоди биле полесно повредени шест лица, а во четири била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и четири лица неправилно се престроиле.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 10 лица: двајца под дејство на алкохол, шестмина пред да се стекнат со право на управување на патничко моторно возило и двајца возачи почетници. Санкционирани биле и 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 возачи кои поминале коловоз на црвено светло.

Затекнати биле 79 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 91 возило.

Одделението за превенција денеска ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци. 

 

 

 

23.11.2017 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега