Богдановиќ најави голем скок на цената на паркингот во Центар

Со драстично зголемување на цената за паркирање во Центар ќе се бара почист воздух во метрополата. Градоначалникот Богдановиќ рече дека поскапувањето на паркингот за 50% треба да биде една од првите наредни одлуки на Советот на општината.
Покрај постојните, Богдановиќ најави и монтажни паркинзи на две локации во Дебар Маало и Капиштец. Тој најави и дека пред станбените згради ќе се паркираат само возилата на оние кои што живеат во нив.
За почист воздух, Богдановиќ рече дека ќе настојува до крајот на мандатот неколку маала во општината кои се греат на дрва да ги приклучи на парно.
Исто така, центарскиот градоначалник најави дека неколку улици во Дебар Маало ќе се тежнее да се затворат за сообраќај а во функција да се стават сите зелени зони.

 

 

 

23.11.2017 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега