Ново поскапување на нафтата

Продолжува растот на цената на суровата нафта на светските берзи. Северноморската нафта од типот брент, која и се увезува во Македонија поскапи за половина долар во текот на вчерашното тргување на берзата во Лондон и се тргуваше за 63,03 долари за барел.
Оваа цена е за околу еден долар повисока од онаа врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги формираше цените минатата недела што остава простор во понеделник да има нова нагорна корекција на цените.
Ројтерс јавува дека најголемиот извозник на нафта во светот, Саудиска Арабија побарала од ОПЕК да го продолжи договорот за намалено производство на енергенсот за уште 9 месеци.
Последниот договор на ОПЕК резултираше со скок на цената за околу 50% во период од една година.

 

Македонските возачи, поточно оние кои возат дизел гориво по Нова Година ќе плаќаат и 3,5 денари по литар повисока акциза.

 

 

 

23.11.2017 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега