Затворена за сообраќај улицата „Втора Македонска бригада“ - автобусите ќе се пренасочуваат

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот од 23.11.2017 година до 25.11.2017 година, поради реконструкција и асфалтирање на коловозот, за сообраќај ќе биде затворена улицата Втора македонска бригада, на делницата од улицата Лазо Трповски (кај кружната крстосница) до булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Сообраќајот на оваа делница ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Во истиот период, автобусите кои ги опслужуваат автобуските линии со броевите 19 и 35 ќе бидат пренасочени по улицата Босна и Херцеговина, и во двата правци.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат привремено поставената сообраќајна сигнализација и воспоставениот режим на сообраќај и да ја приспособат брзината  на движење кон условите на патот.

 

 

 

23.11.2017 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега