Акција за собирање на електронски отпад во општина Центар- „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“

 

Општина Центар во текот на месец ноември спроведува акција за собирање на отпадната електрична и електронска опрема директно од домовите на граѓаните „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“.

Пријавувањето, како што информираат од општина Центар, е во урбаните заедници, по што колективниот постапувач „Нула отпад“ од Скопје, спроведува бесплатно подигнување на отпадот од домовите. За сите граѓани, обезбедени се ваучери од „Техномаркет“ во вредност од 100, 400 и 600 денари, согласно ценовникот и листата на уреди.

Граѓаните кои доброволно ќе се откажат од својот ваучер, неговата вредност ќе биде донирана на социјално загрозено семејство, во вид на потребен уред за Нова година.

Досега во општина Центар  се организирани три големи акции и неколку помали за собирање на отпадна опрема и собрани се вкупно 14 тони отпад. 

 

 

 

27.11.2017 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега