Квалитетот на воздухот ќе се мери и во Бутел, а за другите градови и населби нема мерни станици

Мобилната мерна единица, која Министерството за животна единица ја доби од странски фондови нема да се искористи за прверка на состојбата на воздухот во останатите градови, а нема ниту најава за поставување на нови мерни станици.

До крајот на годинава квалтетот на воздухот ќе се контролира и во општина Бутел.

„Мобилната мониторинг станица ќе се постави за почеток во Скопски Регион поради големата густина на населението на мала површина и можната појава на повисоки концентрации на загадувачките супстанции, а понатаму би се поставила и во западната зона и во источната зона“, велат од Министерството.

На територијата на град Скопје, во моментов има поставено 5 мерни станици и тоа 2 во општина Центар, една во општина Аеродром, Гази Баба и Карпош.

 

 

 

27.11.2017 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега