Центарот на Скопје денеска без парно греење

Поради дефект на топловодната мрежа кај трговскиот центар „Палома Бјанка“ прекината е испораката на топлинска енергија во објекти во строгиот центар на Скопје, соопшти Дистрибуција со топлина „Балкан Енерџи“.

Без греење од утринава се корисниците на објектите: Македонија 11, Македонија 11а, Македонија 15, Македонија 17, Македонија 17а, Македонија 21, Даме Груев 14 , Даме Груев 14а , Димитрие Чуповски 7
Димитрие Чуповски 11 о Ѓуро Стругар 11а.

Од  „Балкан Енерџи“ информираат дека нивни екипи се на терен и забрзано работат на санација на проблемот. Според проценката, соопштуваат, се очекува во најбрз рок да се нормализира испораката на топлинска енергија.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.

 

 

 

29.11.2017 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега