Неформален состанок на директорите на царините од Западен Балкан

 

Неформален состанок на директори на царински управи од Западен Балкан денеска и утре ќе се одржи во Скопје.

Целта на состанокот е подготовка на заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан, во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година, на кој присуствуваа шесте премиери од Западен Балкан и лидерите на Германија, Франција и Италија.

За време на Самитот изготвен е повеќегодишен акциски план, чијашто цел е справување со проблемите со кои се соочува Западен Балкан, преку прифаќање на идејата за создавање регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји. 

 

 

 

30.11.2017 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега