Денеска во 18 часот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Истражниот затвор во Шутка

Протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ, денеска со почеток во 18 часот, ќе сеодржи пред Истражниот затвор во Шуто Оризари како поддршка за неправедно притворените лица за настаните во Собранието на 27 април.

За потсетување, по апсењето на 24 лица во вторникот рано наутро, ВМРО-ДПМНЕ организираше протести пред Кривичниот суд и пред Министерството за правда на кои присуствуваа претседателот на партијата Никола Груевски, истакнати партиски членови и поддржувачи.

Секојдневно партијата по два часа, од 15 до 17 часот блокира раскрсници низ Скопје во знак на револт поради приведувањето.

 

 

 

02.12.2017 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега