Драган Спасов Дац: Во ред е да се солидаризираш со некој актер, но тоа надвор од МНТ

 

Ќе има санкции против актерите кои што ја откажаа вчерашната претстава „Ничија земја“, затоа што театарот постои за публиката, а вчера вративме полна сала, изјави директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов Дац на прес конференција која се одржа денес.

- На мое инсистирање да се игра претставата не ме послушаа и ја одложија. Се собравме и разговаравме. Они дадоа изјава и таа ќе биде и јавна. Реков дека сите до еден ќе бидат санкционирани со казна, што е нормална за вакви работи, изјави Дац.

Во ред е да се солидаризираш со некој актер, продолжи тој, но нека се солидаризираат денеска, да излезат надвор и да направат нешто, а не да вратат 600 луѓе публика.

Актерската екипа на театарската претстава „Ничија земја“ ја откажа вчерашната претстава во знак на солидарност со нивниот колега Владо Јовановски, кому Кривичниот суд вчера попладне му одреди 30-дневен притвор за настаните во Собранието од 27 април.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, рече дека бојкотот на претставата покажува само колку македонската држава е се уште заробена од претходниот систем и колку партизацијата е длабоко навлезена во инстутуциите.

- За нас е нормално и прифатливо да се солидаризираат, но ги повикуваме сите вработени во културата добро да размислат со кого се солидаризираат и за какви акти, изјави Алаѓозовски. 

 

 

 

02.12.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега