Расправата за Буџетот за 2018 закажана за утре

Во Собранието на Република Македонија за утре е закажано ново продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на која на дневен ред е Предлог-буџетот за 2018 година.

Седницата за Предлог-буџетот 2018 година почна минатиот понеделник и оттогаш беа закажани неколку продолженија на седницата, но не се одржа ниту едно.

Расправата по предложениот буџет според Деловникот во Комисијата трае 10 работни денови. По текстот се поднесени 279 амандмани. По завршување на расправата во Комисијата, Предлог-буџетот оди на пленарна седница каде се распрва пет работни денови.

Предлог-буџетот за 2018 година денеска е на дневен ред на Законодавно-правната комисија.

 

 

 

04.12.2017 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега