Побарана согласност на доверителите за авансирање на средствата за стечајната постапка на „Фени“

 Стечајниот управник на „Фени Индустри“ АД – во стечај, Мирослав Анастасиевски, информира дека денеска е поднесено барање за давање согласност од доверителите подносители на пријавата за стечај за авансирање на потребните средства во стечајната постапка.

Тој појасни дека сето тоа е во насока на продолжување на почнатите работи во претстечајната постапка и целосно работно ангажирање на вработените.

- Апелирам до вработени да бидат трпеливи, достоинствени и на своите работни места, да не подлегнуваат на шпекулации и манипулации, нивните права ќе бидат заштитени согласно законот. Очекуваме банките подносители на пријавата позитивно да одговорат на барањето во најкус можен рок, нагласи Анастасиевски.

 

 

 

04.12.2017 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега