Македонија и Индонезија ќе ја унапредуваат деловната соработка
Делегација на Парламентот на Република Индонезија, предводена од Абдул Малик Харамеин, заменик-претседавач на Групата за религиски и општествени работи и за еманципација на жените, која од вчера престојува во земјава, денеска ќе има работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.
Делегацијата е составена од претставници на Парламентот на Република Индонезија задолжени за повеќе сектори - банкарство, енергетика, транспорт, рударство, земјоделство, телекомуникации,... На работната средба, како што соопшти Комората, ќе се разговара за унапредување на деловната соработка меѓу двете земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа