Расправата за буџетот продолжи без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи седницата на која се расправа по Предлог-буџетот за 2018 година. Новото продолжение го закажа пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски кој го назначи претседателот на Собранието Талат Џафери да претседава со Комисијата откако претседателката на ова собраниско тело Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ повторно го одложи закажаното продолжение за денеска претпладне.

Комисијата продолжи да заседава иако беа отсутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие не се појавија на Комисијата во знак на солидарност за шесте пратеници на кои им беше симнат имунитетот.

 

 

 

05.12.2017 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега