Комисиска расправа за Буџетот - власта дебатира сама со себе

Утре ќе продолжи седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која што се расправа за предлог-буџетот за 2018 година.

Откако претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ повторно го одложи закажаното продолжение на седницата, Талат Џафери го овласти Васко Ковачевски од СДСМ да претседава со Комисијата.

Општиот претрес не го следат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ а пратениците на власта си дебатираат сами.

Расправата за предлог-буџетот за 2018 година во Комисијата за финансирање и буџет започна на 27 ноември, а според собранискиот деловник таа трае 10 работи денови, по што предлогот се става на пленарна седница каде што се расправа пет работни денови.

Седниците на Комисијата беа закажани неколку пати, но не се одржаа во текот на изминатата недела по приведувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поради случувањата во Собранието од 27 април.

 

 

 

 

 

05.12.2017 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега