Од 1- ви јануари почнува електронско поднесување пресметки за персонален данок

Од 1 јануари 2018 година почнува електронското поднесување пресметки за персонален данок на доход, а од 2019 година треба да почне издавањето пополнета годишна даночна пријава од страна на УЈП, соопшти денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска. 

На завршниот настан од едногодишниот проект, што овозможи креирање на новата електронска алатка на УЈП - „е-персонален данок на доход“, министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека неопходните законски измени за овие реформи во УЈП се веќе изготвени и до крајот на годинава треба да бидат донесени. 

- Ги вградивме најдобрите европски практики по македонски рецепт и развивме услуги со кои можеме да се носиме рамо до рамо со модерните даночни администрации, истакна Лукаревска и додаде дека реформите во УЈП драстично ќе го намалат досегашното чекање пред шалтерите. 

Раководителот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини, укажа дека реформите на јавните финансии се клучен чекор за подготовка на Македонија за членство во ЕУ.

-Фискалната транспарентност и зајакнатите јавни внатрешни контроли, напомена Бертолини, треба да бидат приоритет за националните власти. 

 

 

 

 

06.12.2017 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега