Жителите на Богданци повторно го кренаа гласот против рудникот Казандол

Покрената иницијатива од Илија Тумбов, кој успеа да собере 1.301 потпис од жителите на Богданци испрати писмо до Зоран Заев, за да го потсети на неговите предизборни ветувања.

„Вие, господине Заев, во својството лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, истовремено и премиер на Владата на Република Македонија во кампањата за последниве локални избори на митингот во Богданци изјавивте дека Вашата партија, заедно со коалицијата, е ориентирана кон создавање услови за здрава животна средина за граѓаните наспроти загадувањето што на животната средина ѝ го нанесуваат рудниците и уште додадовте дека ако треба да бирате меѓу здравјето на луѓето и добивката од рудниците Вие ќе се одлучите за здравјето на луѓето. На предизборните митинзи во Пирава и Јосифово, општина Валандово, бевте уште поконкретен во изјавата и рековте дека рудник во Казандол нема да има“ - пишува во писмото упатено до премиерот Заев.

Во општина Богданци во јуни годинава се одржа успешен референдум на кој речиси 100 отсто од излезените гласачи се спротиставија на изградбата на рудници во регионот. Во јули против отворањето рудници на референдум се изјаснија и жителите на општина Дојран. Сличен референдум се одржа и во Валандово, но тој беше неуспешен затоа што недостасуваа околу 300 гласа за да биде исполнет цензусот од 50 отсто. 

 

 

 

06.12.2017 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега