„Летаа" казни на Водно: Тргнале со автомобил, полицијата не им прости

Градските власти потсетуваат дека денеска и за време на викендот граѓаните ќе имаат можност со автобус да се искачат до Средно Водно и да се рекреираат на чист воздух. На располагање им се двете нови пробни автобуски линии 25А и 25Б, како и постојната линија со број 25, кои за време на викендите и државните празници се бесплатни.

Град Скопје почнувајќи од 25 ноември годинава воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која важи секој викенд и за време на државните празници. Оваа забрана важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Сепак, овој апел не допре до дел од граѓаните на стартот на продолжениот викенд.

Како што пишува САКАМДАКАЖАМ, и покрај забраната и автобуските линии кои се обезбедени, денеска неколку граѓани се обиделе со автомобил да се качат на Водно. Тринаесет граѓани се казнети до 13 часот поради непочитување на забраната за движење на возила до Средно Водно, а дел од нив се правдале дека минатиот викенд немало полиција, па затоа се решиле на овој чекор.

Казната за движењето со автомобил е 45 евра.

Инаку, забраната за движење моторни возила до Средно Водно нема да се однесува на автобусите на ЈСП „Скопје“, возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, на штабовите за итни интервенции и на возилата со посебни одобренија. 

 

 

 

08.12.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега