Докажано најздрава на светот, а никој не ја јаде: Намирница која лекува се, од срце до слаби коски

Запира и намалува оксидативен стрес, ја прочистува крвта, поттикнува апетит, го чисти телото од отрови - тоа се само некои од предностите на супербилката.

Поточарка е често заборавена билка за која експертите веруваат дека е најздрава на светот. Станува збор за зеленчук кој содржи бројни есенцијални витамини и минерали како што е железото. Истражувањата тврдат дека оваа билка содржи повеќе железо од зпанаќот и повеќе витамин Ц од некои други намирници.

Поточарката е позната како една од најстарите билки која многу стари народи ја користеле во исхраната и во лекувањето на здравствените тегоби, а неодамна официјалното меѓународно истражување ја прогласи оваа лисната зелена билка за моментално најздравиот зеленчук на планетата, односно за намирница број 1.

Поточарката го стопира и намалува оксидативниот стрес и го засилува антиоксидативниот ефект. Влијае врз размената на хемиските соединенија во нашиот метаболизам и ги регулира пореметувањата кои настануваат.

Ја чисти крвта, освежува, го поттикнува апетитот, го прочистува целиот организам.

Во народната медицина има голема примена во лекувањето и тоа во свеж облик и во облик на свеж сок, но само во сооднос 1:5 (еден дел сок и пет делови вода), и не секојдневно бидејќи може да предизвика воспаление на желудникот и ждрелото и да ги надразни бубрезите. Сокот од поточарка е омилено средство за надворешна употреба при кожни заболувања.

Научните истражувања говорат за стопирање на растот на туморот и метастазите (експериментирано со животни) ако екстрактот од поточарка се инјектира за помош во лекувањето на кардиоваскуларни болести и стопирање на карциномот на дојка. На пушачите им се препорачува салата од поточарка која одлично делува и ги спречува штетните последици од пушењето.

 

 

 

11.12.2017 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега