Министерство за економија: Останува евтината тарифа на струја за граѓаните

 

Со новото законско решение нема да се укине евтината тарифа на струјата, туку таа е гарантирана како минимум услов во процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија. Формата ќе зависи од понудата на снабдувачот кој граѓаните ќе го изберат на слободниот пазар.

Ова го соопшти Министерството за економија во врска со информациите дека со Предлог-законот за енергетика евтината тарифа за граѓаните ќе биде укината.

- Со либерализацијата на пазарот се зголемува конкурентноста и квалитетот на услугите, а европската пракса покажа дека кога има конкуренција на пазарот, се нудат и дополнителни поволности за граѓаните од страна на снабдувачите, наведува Министерството.

За крајна заштита на граѓаните, со новиот Предлог-закон за енергетика ќе се воведе и т.н. универзален снабдувач кој ќе треба по најниски цени да обезбеди квалитетна услуга на корисниците, вклучувајќи ја и евтината тарифа.

- Новиот Предлог-закон за енергетика нуди европски решенија во интерес на граѓаните со цел сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија. Со него домашното законодавство во целост се усогласува со европското, Третиот пакет енергетски мерки согласно обврските и правилата преземени по договорот со Енергетската заедница, стои во реакцијата на Министерството за економија. 

 

 

 

14.12.2017 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега