Маглата го отежнува сообраќајот во Скопје - намалена видливоста на неколку патни правци

 Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на обиколницата околу Скопје, како и на патните правци Скопје - Катланово и Скопје - граничен премин Блаце.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Маглата предизвика проблеми и на скопскиот аеродром каде дел од летовите се откажани, а дел се пренасочени кон Охрид и Приштина. 

 

 

 

14.12.2017 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега