Намирница која предизвикува и го храни ракот - исфрлете ја од својата исхрана што побрзо

Шеќерот има значително влијание врз развојот на канцероганите клетки во организмот а многумина сепак непрестано го консумираат.
 
Неодамнешното истражување го спровеле група научници од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско. Било откриено дека постои една состојка која се наоѓа во различни видови храна, а која допринесува до тоа да дојде до повеќе од 35 милиони смртни случаи ширум светот, секоја година. Како што заклучиле научниците, шеќерот е причина за многу здравствени проблеми како дијабетес, метаболички синдром, хипогликемија, хипергликемија, срцеви болести, рак итн.
 
Студија спроведена на Институтот за рак во државата Јута во САД, открила дека шеќерот е еден од главните причинители за развој на туморот. Клетките на туморот користат многу повеќе глукоза отколку нормалните клетки. Различни студии покажале дека луѓето кои имаат повисоко ниво на глукоза имаат поголеми предиспозиции дека ќе им се развие ракот, стои во нивната студија.
 
Факт е дека на нашите клетки им е потребна гликоза – форма на шеќер која се трансформира во енергија. Клетките на рак можат да преживеат со едноставни јаглехидрати, вклучувајќи ги и рафинираните шеќери кои се наоѓаат во преработената храна и слатките. Процесот во кој глукозата се претвора во пируват киселина и не може повеќе да им обезбедува енергија на здравите клетки е гликозата.
 
За разлика од здравите клетки, клетките на рак можат да ја конвертираат својата енергија од гликозата без кислород. Тој процес се нарекува анаеробна гликоза, а создава отпадни материи, слични на млечната киселина. Тој вид на млечна киселина може да се разложи во црниот дроб, а отпадниот производ од тој процес е глукозата која се враќа да ги храни клетките на рак и формира кружен циклус во кој се врши континуирано снабдување со глукоза во крвотокот, што го поттикнува растот и развојот на туморот.
 

 

 

15.12.2017 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега