Порсечната нето плата во октомври изнесувала 23.356 денари

 Просечната исплатена нето-плата во октомври изнесува 23.356 денари и е зголемена за 4%во споредба со октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, зголемување на нето-платата има во секторите Уметност, забава и рекреација, Рударство и вадење на камен и Преработувачка индустрија.

Во однос на септември зголемување на нето-платата е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Транспорт и складирање и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината.

Просечната бруто-плата по вработен изнесува 34.266 денари и таа е зголемена за 3,8 проценти во однос на истиот месец лани.

Во октомври 1,6 проценти од вработените не зеле плата. 

 

 

 

22.12.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега