Владата на седница ќе одлучува за заем на МЖ Транспорт од ЕЛЕМ и МЕПСО

Владата на Република Македонија попладне (17:00) ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневен ред од интерес на граѓаните, соопшти владината служба за информирање.

На предлог на АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) во државна сопственост, како и на УО на АД МЕПСО Скопје во државна сопственост, Владата на 44. седница ќе ги разгледа одлуките на овие компании за прифаќање на барањето за заем од Македонски железници Транспорт АД Скопје.

На дневен ред на седницата е Предлог-програмата за изменување на програмата за инвестициско одржување на резиденцијалните и репрезентативните објекти и службени простории на органите на државната управа во 2017 година, како и Предлог-програма за изменување на Програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2017 година.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, на седницата ќе биде разгледана и Предлог - годишната програма за изменување на Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација во Република Македонија за 2017 година.

Министерството за здравство предлага Владата на седницата да разгледа неколку предлог – програми, за лекување  ретки болести, за заштита на населението од ХИВ/СИДА и за активна здравствена заштита на мајките и децата во Република Македонија за 2017 година.

На денешната седница ќе биде разгледана и Предлог - програма за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2017 година.

 

 

 

22.12.2017 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега