Обезбедени пари за ноемвриската плата во МЖ Транспорт

Обезбедени се пари за исплата на ноемвриската плата во МЖ Транспорт ад Скопје, откако на седницата на Владата вечерва се прифатени одлуките за заем на железничкото претпријатие од ЕЛЕМ и МЕПСО.

Според соопштението од владината прес-служба, на седницата Владата  ја прифатила одлуката од УО на АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост, со која се одобрува барањето за заем доставено од Македонски железници Транспорт АД Скопје.

На седницата министрите во Владата ја прифатиле и одлуката на УО на АД МЕПСО Скопје во државна сопственост, со која е одобрено барањето за заем од Македонски железници Транспорт АД Скопје.

- Со овие две одлуки, одобрени од страна на Владата на РМ, за Македонски железници Транспорт АД Скопје, се обезбедени финансиски средства за исплата на ноемвриската плата на ова акционерско друштво, се вели во соопштението.

 

 

 

22.12.2017 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега