Традиционално берење бадникови гранчиња на Водно

 

Во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“ денеска во месноста Краста на падините на Водно ќе се одржи собир на кој ќе бидат претставени кумот и здравичарот на Бадник 2018.

Влатко Огненовски-Шеф и Стефан Хаџи Николов-Штеф први симболично ќе пресечат гранче даб, симбол на среќата и радоста, во пресрет на најголемиот христијански празник Божик.

На официјалното претставување на кумот и здравичарот и на собирањето бадникови гранчиња ќе присуствува и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Централната манифестација за Бадник, која годинава ќе се одржи по 26-ти пат, ќе биде на 6 јануари, на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, каде новиот кум ќе го прими Бадникарскиот ќуп од Радко Манов, кој беше кум во 2017 година.

Кумот за Бадник 2018 со пајтон ќе замине со преодниот ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

 

 

 

24.12.2017 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега