„Нова година - нови насмевки“: Општина Центар со новогодишна програма на Сквер Јадран

Под мотото „Нова година - нови нови насмевки“, општина Центар годинава на 30 и 31 декември, на Сквер Јадран организира новогодишна програма за децата, младите и повозрасните.

- Среќен сум што како градоначалник успеавме без трошоци на општината преку донации да организираме понудиме богата програма за сите жители од 7 до 77 години, изјави градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. 

Прославата, најави тој, ќе има хуманитарен карактер.

- Ги повикувам сите, во убава атмосфера да си посакаме среќа и радост во новата 2018 година, но и да ја покажеме својата хуманост, донирајќи за 16-годишно момче кому му треба итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија, рече Богдановиќ.

На 30 декември во 12 часот предвидена е детска програма, а во 16 часот, „Улица ‘Новогодишни желби‘ бр.2018’“, ќе биде место на потсетување на добро познатото скопско корзо.

Од 20 часот започнува музичката програма со ДЈ Гоце Саф, ТХЦФ од Белград и ДЈ Страјк.

На 31 декември, пак, во 12 часот на Сквер Јадран ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот започнува забавата со Некст Тајм, Ај Кју, Тамара и Кристина Арнаудова.

 

 

 

25.12.2017 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега