Поскапуваат горивата пред Нова Година - и идната година не чека поскапување

Регулаторната Комисија за енергетика вчера ја донесе одлуката за новите цени на нафтените деривати.

Горивата со новата одлука поскапуваат за половина денар по литар, па така малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит.

Ова е последна корекција на цената во оваа година. Од идната, треба да се пресмета дека за 3,5 денари ќе поскапи дизелот, така да за 6 дена ќе имаме дизел кој ќе биде поскап за 4 денари од оваа цена.

 

 

 

26.12.2017 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега