Новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите категории

 

Новогодишен настан за 150 деца со посебни потреби, деца со воспитно социјални проблеми и деца од ранливи категории семејства ќе се одржи денеска во организација на Црвениот крст на Република Македонија и на Град Скопје.

На настанот ќе има Дедо Мраз кој заедно со волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје, на децата ќе им додели пакетчиња, а потоа тие ќе присуствуваат на кино- проекција на анимиран филм.

Настанот се организира во рамки на Хуманитарна акција „Да споделиме радост“, со која се опфатени 500 деца. 

 

 

 

26.12.2017 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега