Фото: Ова се најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје

 Градот Скопје денеска ги прогласи најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител за 2017 година. За најдобар пожарникар е прогласен Џеват Ибраими, командир на одделение  во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар полициски службеник за 2017 година е Зоран Павловски, вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје, а за најдобар крводарител е прогласен Зоран Стојменовски.

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи им ги врачи признанијата и истакна дека оваа награда треба да биде лична мотивација за секој од нив, но и добар пример за средината во која работат.

- Хуманоста е општествена вредност. Таа е дел од нашите принципи. Таа е дел од нашата етика. Скопје е Град на солидарноста и како таков ги негува традициите на хуманост и солидарност спрема сите оние на кои им е потребна помош. За таа цел Град Скопје дополнително ги мотивира оние што најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела, рече  заменик-градоначалникот Енвер Малиќи.

Пожарникарот Џеват Ибраими во текот на 2017 година се истакнал со особено ефикасно и успешно работење. Имено, во рамките на неговата работа учествувал во гаснењето на повеќе пожари и технички интервенции и придонел за намалување на материјалните штети, како  и  за спасување човечки животи.

Најдобриот полицаец за 2017 година е Зоран Павловски, вработен во Одделение за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје, кој во текот на 2017 година остварил надпросечни резултати и пожртвувано ги извршувал службените задачи.

Зоран Стојменовски е истакнат крводарител кој започнал да дарува крв во 1988 година, а до својата 52-ра година има дарувано крв 104 пати.  Тој активно учествувал во сите редовни и вонредни крводарителски акции и неговата хуманост претставува пример и поттик за сите млади луѓе да бидат крводарители и да спасат човечки живот.

 

 

 

 

26.12.2017 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега