Скопјани и попладнево дишат загаден воздух - ПМ10 честичките над дозволеното во неколку населби

Воздухот во последното деноноќие во Скопје најзагаден бил во Лисиче и кај Ректоратот. Мерните станици регистрирале највисоки концентрации во Лисиче во 21 часот од 577 микрограми на метар кубен, а кај Ректорат се регистрирани 532 микрограми во 22 часот.

И попладнево Скопјани дишат загаден воздух, ПМ10 честичките се над дозволеното.

Според податоците од мерните станици, најзагадено попладнево е во Ректорат со 192 ПМ10 штетни честички, како и во Лисиче каде се измерени 156 ПМ10 честички.

Измерената загаденост на воздухот во 13 часот покажува дека во Гази Баба се регистрирани 176 ПМ10 честички, а во Карпош 142, додека во Центар 166.

Загадено е и во Битола Велес и Тетово од другите градови низ Македонија.

 

 

 

 

26.12.2017 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега