Радост за дечињата: Од утре Кралицата и Дедо Мраз ги чекаат на Плоштад Македонија

Од утре до 30 декември во два термина дневно од 13 и од 18 часот на „Улицата на радоста“ на Плоштад Македонија најмладите ќе може да се забавуваат со Дедо Мраз и неговата дружина составена од Белата и Темната Кралица, Ангелите и Џуџињата. Претставата „Дедо Мраз во пензија” е збогатена со раскошни костими, убава музика и одлична актерска игра. Главните улоги ги играат Војо Цветановски, Тамара Ристоска и Маријана Станојковска. Претставата ветува одлична забава за најмладите.

Ликовите од претставата задно со 12 извонредни музичари ќе направат една голема новогодишна парада и заедно со дечињата ќе прошетаат по улица Македонија.

Традиционалното на 31 декември на Плоштад Македонија во 12 часот ќе пристигне Дедо Мраз кој оваа година, според организаторите, тоа ќе го направи на необичен начин и ќе биде изненадување за сите посетители. 

 

 

 

27.12.2017 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега