Нови видиковци и детски реквизити на Водно

Екипите од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од секторот „Вонградско зеленило“ поставија нови парковски елементи изработени од дрво на повеќе локации во парк – шумата Водно, два големи детски реквизити кај хотел „Водно“ и кај Марково Крувче, како и еден помал детски реквизит на патот за Сончев Град.

Како што информираат од ЈП „Паркови и зеленило“, поставени се и нови видоковци на локациите кај Панорама, на патот за Сончев Град, кај Детското одмаралиште, на патот за Нерези, под средно Водно и кај Долги рид.

Освен поставувањето на новите реквизити и видиковци, исто така е извршена реконструкција на постоечките клупи и маси на средно Водно, како и на другите оштетени и стари парковски елементи. 

 

 

 

27.12.2017 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега