Нови правила за пријавување на новороденче

Поради малата заинтересираност за проектот “Добредојде бебе“ којшто Министерството за здравство го промовираше пред 5 месеци, ќе се воведува нова услуга од страна на Управата за водење на матичните книги.
Имено, од 1-ви јануари 2018 година секое дете родено во едно од петте родилишта на територија на Град Скопје ќе се пријавува само во скопското подрачно одделение на Матичната Служба, а не во општините каде што се наоѓаат здравствените институции.
 
Изводот од матичната книга на родени ќе биде готов и ќе се издава во рок од пет дена.
 
Котевски истакна дека проектот “Добредојде бебе”, кој што овозможува пријавување на новороденчето уште во болница и добивање на изводи во рок од 48 часа, и кој досега го искористувале просечно 30% од родителите, ќе продолжи и во иднина
 
Годината ва територијата на главниот град биле родени точно 10.900 новороденчиња.
 

 

 

27.12.2017 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега