Донесен буџетот на Општина Берово

Советот на Општина Берово на денешната седница го донесе Буџетот на општината за 2018 година, кој е во висина од 259.061.000 денари.

Од вкупните средства, основниот буџет е 85.688.000 денари, буџетот на самофинансирачки активности е во висина од 12.798.000, буџетот на дотации е 126.827.220 денари, додека средствата опфатени во буџетот на донации е во висина од 33.747.780 денари.

Градоначалникот Ѕвонко Пекевски потенцираше дека според буџетската проекција, предвидените приходи во висина од 259.061.000 денари се во баланс со расходите.

- Даночните приходи се планирани во износ од 31.405.033, неданочните приходи се планираат од 17.613.528, капиталните приходи се 6.155.000, приходите од дотации се планираат од 126.827.220, приходите од трансфери се 43.312.439, а приходите од донации се 33.747.780. Во расходите се планираат 123.300.925 за плати и надоместоци, за резерви и недефинирани расходи се планираат 400.000, за стоки и услуги се планирани 58.432.716, за каматни плаќања 100.000, субвенции и трансфери 11.099.802, за капитални расходи се планираат 63.389.557, додека за отплата на главница се проектирани 2.338.000, рече Пекевски.

Според градоначалникот Пекевски, Буџетот за 2018 година ќе соодветствува на потребите на граѓаните за соодветната буџетска година. Во согласност со законите и потребите, доколку се појави потреба ќе биде предложена измена во Буџетот за да можат да се покријат сите претходно создадени обврски. 

 

 

 

27.12.2017 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега