Ќе се забрани паркирањето пред Клиничкиот Центар во Скопје

Ќе се забрани паркирање на Водњанска, пред Комплексот Клиники Мајка Тереза во Скопје, за да се растера метежот. Ова го најави денеска на првата прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

-Вчера разговаравме со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во соработка со МВР ќе се решава сообраќајниот хаос, ќе се забрани паркирањето пред Клинички со цел да се растовари и ослободи брзиот пристап до клиниките, изјави тој.,

Едно од можните решенија за решавање на хаосот со паркирањето во Клиничкиот центар е изградба на катна гаража или закуп на места во околните катни гаражи за вработените во Клиничкиот центар. 

 

 

 

28.12.2017 - 12:06
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега