Општина Центар и СВР Скопје со совети како граѓаните да се заштитат од кражба

Општина Центар и МВР-СВР Скопје денеска го започнаа проектот “Превенција од имотни деликти – кражби во куќи и станови и кражби во возила“.

- Втора година по ред општина Центар заедно со МВР ја спроведува оваа акција со која апелираме до граѓаните да внимаваат и да не оставаат вредни предмети во становите и во возилата. Сакам да ја нагласам одличната соработка со МВР, особено со полициската станица Центар, рече градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Ова е прв дел од проектот преку кој се испраќа предупредување до граѓаните да бидат особено внимателни за време не новогодишните и Божиќните празници. На влезовите од зградите ќе бидат поставени информативни табли со совети за поголема безбедност.

 

 

 

 

28.12.2017 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега