Намалени цените на индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со минатиот месец продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 1,1 отсто и Капитални производи за 0,2 отсто.

Во однос, пак, на ноември минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 5,7 отсто, Капитални производи за 3,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,0 отсто. 

 

 

 

28.12.2017 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега