Зголемен бројот на работниците во индустријата

Стаитистичките податоци објавени денеска покажуваат дека во ноември во однос на ноември лани бројот на работници има раст од 4,7 проценти, а во периодот јануари - ноември 2017 година во однос на тој период лани 2,1 отсто. 

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи опаѓање од 1,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0,6 отсто. 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,9 отсто, Капитални производи за 15 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,4отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија 
за 0,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто.

 

 

 

28.12.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега